Top Sport

Рабио не сака во Тотенхем, клубот е „под неговото ниво“

„Отпадникот“ од Пари Сен-Жермен, Адриен Рабио не би сакал да заврши во Тотенхем, бидејќи смета дека лондонскиот клуб е „под неговото ниво“ во исчекување на голем трансфер во Барселона.

Според „ЕСПН“, Французинот, кој веќе им соопшти на ПСЖ дека ќе си замине кога договорот ќе му заврши ова лето, ќе биде достапен во јануари бидејќи францускиот клуб сака да „извади“ некое евро од неговиот трансфер.

23-годишниот Рабио не ја крие желбата дека сака во Барселона, но и Јувентус подолго време го следат развојот на ситуацијата. Откако реши да замине, ПСЖ целосно му го сврте грбот на својот фудбалер, кој добива свирежи од навивачите, а тренерот Томас Тухел му забрани пристап во соблекувалните пред мечевите на клубот.

За Тотенхем, пак, ова е голем удар, бидејќи и покрај големите вложувања и раст на клубот, очигледно најголемите фудбалски ѕвезди уште го сметаат за „клуб од втор ранг“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top