Top Sport

Гатузо добил поддршка пред Нова Година

Италијанските медиуми тврдат дека тренерот на Милан, Џенаро Гатузо имал предновогодишен состанок со првите луѓе на клубот, на кој добил целосна поддршка и покрај постојаните шпекулации дека е блиску до отказ од клупата на „росонерите“.

Милан ја почна зимската пауза со победа против СПАЛ, која беше насушно потребна по четирите натпревари во кои клубот не постигна ниту еден гол.

Според „Скај Италија“, Леонардо, Паоло Малдини и новиот директор на клубот, Иван Газидис имаше состанок со Рино по мечот и уште еднаш му повториле дека имаат целосна доверба во него, откако претходно во петокот Малдини и Леонардо тоа го изјавија пред новинарите.

Споерд „Скај“, во ниту еден момент не постоела опасност Гатузо да остане без работа и покрај тврдењата дека тој добил ултиматум од страна на клубот, кој веќе наводно контактирал со Антонио Конте.

Фото: ЕПА

Scroll to Top