Top Sport

Рабио одби договор со ПСЖ, може да седи на клупа цела сезона

Понудата на Пари Сен-Жермен за нов договор за играчот од средниот ред Адриен Рабио е одбиен од фудбалерот, кој не е задоволен од состојбата во францускиот шампион.

23-годишниот Рабио има договор до крајот на сезоната и ПСЖ сакаа да го осигураат на подолго време, но според „Л’Екип“, понудата била веднаш одбиена, поради интересот на Французинот за преселба во Барселона.

Со овој потег, Рабио ризикува да не биде поставуван во игра во новата сезона под новиот тренер Томас Тухел, откако „Л’Екип“ открива дека спортскиот директор Антеро Енрик дека во вакви ситуации има навика да ги поставува фудбалерите на „казнена експедиција“, како во случајот со Хатем Бен Арфа.

Самиот Рабио не е без контроверзи во својата кариера, откако одби да биде на листата на резервни фудбалери на француската репрезентација пред Светското првенство во Русија, реагирајќи луто што не беше избран меѓу 23-те патници на Дидие Дешам, кои подоцна ја освоија светската титула.

Scroll to Top