Top Sport

Траоре и Депај за стартна победа на Лион (видео)

Бертран Траоре и Мемфис Депај постигнаа голови за Лион да има победнички старт на Лига 1 шампионатот со 2:0 победа над Амиен во славеничка атмосфера на стадионот „Групама“.

Капитенот Набил Фекир пред мечот го донесе трофејот од Светското првенство пред навивачите, но поради повреда не беше во составот на Бруно Женесио. И без него, Лион стигна до рутинска победа, откако Траоре прво во 21. минута утна совршена шанса за гол, пред во 24. минута да донесе водство. Поените ги обезбеди Мемфис Депај со гол од слободен удар за лесна победа.

Scroll to Top