Интер, синоќа, по пауза од 10 години, успеа да забележи победа над Јувентус во Торино. „Дерби дела Италија“, заврши со победа на актуелниот правак од 1:0. Хакан Чалханоглу од пенал во првото полувреме го реши мечот.
Многу коментари предизвика одлуката на ВАР судиите и главниот на теренот Масимо Ирати, да биде повторен пеналот.
„Добар натпревар, честитки до моите соиграчи. Штета што резултатот е ваков. Тешко беше да се игра 11 на 12“, напишал играчот на Јувентус, Адриен Рабио на „Инстаграм“.
Рабио сугерира дека Ирати бил на страната на Интер.
Францускиот репрезентаивец за ваков коментар сигурно ќе добие казна од Фудбалскиот сојуз на Италија.