Повеќе извори од Шпанија и Италија тврдат дека Јувентус се договорил за трансферот на Уругваецот Луис Суарез од Барселона, откако „зелено светло“ дале и каталонскиот клуб и самиот напаѓач.
Суарез прифатил двегодишен договор со опција за уште една за околу 10 милиони евра по сезона, додека Барселона се согласила да го пушти бесплатно, со што Јуве ќе плати само 1.5 милиони евра компензација, слична сума која Севилја ја плати за Иван Ракитиќ пред неколку дена.
Според „Мундо депортиво“, Суарез утре во италијанскиот конзулат во Барселона ќе го направи потребниот тест за италијански јазик за да добие италијанско државјанство преку неговата сопруга, така што ќе може да игра како играч од ЕУ во Италија.
BREAKING: Barcelona and Juventus are currently agreeing a fee for the sale of Luis Suarez, we can confirm.
Juventus have already reached an agreement with Suarez for a three-year contract worth €10m per season. ? pic.twitter.com/AA0OoYpEGt
— Goal (@goal) September 6, 2020