Top Sport

„Работничката класа“ ќе го бојкотира дуелот Наполи-Барселона

Наполи во вторник ќе ја пречека Барселона во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Како сега стојат работите Наполи нема да ја има поддршката од своите најверни навивачи. Причината се високите цени на билетите.

Најверните симпатизер на Наполи поради цената на билетите решиле да го бојкотираат натпреварот со Барселона.

„Секторот на кој доаѓа работничката класа е единственото место што остана во фудбалот кој денес е забава за богаташите. Тоа е единственото место каде што сите можат да бидат заедно без оглед на приходите што ги имаат. Многу пати покажавме дека сме 12 играч на тимот, а сега сме наградени со цена за еден билет од 70 евра. Поради тоа ние ќе ве наградиме со нашето отсуство“, стои во соопштението на навивачите на Наполи.

Scroll to Top