Top Sport

Роналдо ќе го одигра 1.000 натпревар

Петкратниот добитник на наградата „Златна топка“, Кристијано Роналдо, в сабота ќе го одигра 1.000 натпревар во професионалната кариера. Португалецот ќе стане 30 фудбалер во историјата со одиграни најмалку 1.000 натпревари во кариерата.

Кристијано Роналдо професионалното деби го имал во 2002 година, одиграл 999 натпревари во 18 сезони. До бројката од 1.000 натпревари во кариерата ќе стигне најбргу од неговите претходници.

Јубилејот Роналдо ќе го забележи в сабота против СПАЛ, во Серија А.

Роналдо во кариерата играл за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. Постигнал 311 голови во Ла Лига, 128 во Лигата на шампионите, 84 во Премиер лигата, 41 во Серија А, 31 во квалификациите за европските првенства, 30 во квалификациите за светските првенства, 22 во Купот на Шпанија, , 17 во пријателски натпревари, 13 во ФА купот, по седум на СП и Светските првенства за клубови, четири во Лига купот на Англија и Суперкупот на Шпанија, три во првенството на Португалија, три во Лигата на Нации, два во Купот на Португалија, Купот на Италија, Купот на Конфедерации и Суперкупот на Европа и по еден во квалификациите во Лигата на шампионите и Суперкупот на Италија.

Scroll to Top