Top Sport

Работнички го доби градското дерби, Шкендија со „петарда“ за кратовци!

Шампионот Шкендија се одвои на шест поени од Вардар по 15. коло во Првата лига, откако тетовци со 5:0 го „прегазија“ фенерџијата Силекс, додека Вардарци беа поразени со 0:1 во градското дерби со Работнички.

Голот на Оливер Пеев во 56. минута беше доволен „романтичарите“ да слават во „вечното“ дерби за да ги остават „црвено-црните“ со три натпревари без победа и засега, многу далеку од тоа да бидат вистински конкуренти на Шкендија за титулата.

Во Тетово пак, Шкендија предводена од двата гола на Емини стигна до доминантна победа над Силекс, оставајќи ги кратовци на последното место на табелата. Академија Пандев се доближи на три поени до второпласираниот Вардара со 2:1 триумф над Победа, Македонија ЃП и Шкупи одиграа интересно 2:2 реми, додека Беласица се придвижи од дното на табелата со 3:1 победата над Ренова.

ПРВА ЛИГА, 15.КОЛО

Академија Пандев – Победа 2:1

Беласица – Ренова 3:1

Македонија Ѓорче Петров – Шкупи 2:2

Шкендија – Силекс 5:0

Вардар – Работнички 0:1

Табела: 1.Шкендија 34, 2.Вардар 28, 3.Академија Пандев 25, 4.Работнички 20, 5.Ренова 19, 6.Македонија ЃП 17, 7.Победа 17, 8.Беласица 17, 9.Шкупи 16, 10.Силекс 14

Фото: ФК Вардар

Scroll to Top