Top Sport

Работнички го доведе Атхе Мазари од Победа

Крилниот напаѓач Атхе Мазари е нов фудбалер на македонскиот прволигаш Работнички. Тој потпиша двегодишен договор со „романтичарите“ и му се приклучува на тимот на Милан Илиевски.

Мазари доаѓа од редовите на Победа и треба да ја засили конкуренцијата во офанзивниот дел од составот.

Офанзивецот во првиот дел од сезоната одигра 16 натпревари во дресот на Победа и постигна четири гола.

Scroll to Top