Top Sport

Работнички ќе тестира со Динамо, Сараево, Триглав и Домжале

Фудбалерите на Работнички веќе втор ден е во базата Терме Чатеж во Словенија, каде што ја одработуваат втората фаза од летните подготовки. Во овој период, Работнички, ќе одигра и неколку подготвителни натпревари. „Романтичарите“ ќе одиграат четири натпревари со квалитетни противници.

На 23.јуни Работнички ќе одигра пријателски натпревар со хрватскиот шампион Динамо Загреб, два дена подоцна следува дуелот со Сараево, на 28.јуни на Работнички ќе му се спротивстави Триглав, а серијата тестови во Словенија „романтичарите“ ќе ја завршат со Домжале.

Работнички на 1.јули се враќа во Македонија и ќе продолжи да се подготвува на домашно тло за дуелите против унгарскиот Хонвед, во првото коло од квалификациите во Лигата на Европа.

фото: fkrabotnicki.com

Scroll to Top