Top Sport

Фенербахче ќе тргне по Теодосиќ

Играчот на ЛА Клиперс во НБА лигата, Милош Теодосиќ, турските медиуми го селат во редовите на шампионот на оваа земја, Фенербахче.

Според истите извори, тренерот Жељко Обрадовиќ, внимателно ја следи ситуацијата со Теодосиќ, по најавите дека ЛА Клиперс имаат намера да го раскинат договорот со овој кошаркар.

НБА тимот, има можност до 15.јули да го отпушти Теодосиќ и да му плати 2,1 милиони долари, сума која е за 4,2 милиони долари од она што српскиот плејмејкер ќе го заработи доколку остане во тимот.

ЛА Клиперс ја разгледува оваа опција поради повредите со кои Теодосиќ се соочи во својата прва сезона во НАБ лигата.

Турските медиуми пишуваат дека и Теодосиќ размислува да се врати во Европа.

Поради повредата на стапалото, Теодосиќ, минатата сезона пропушти 37 натпревари во НБА лигата.

Порај за Теодосиќ, Фенербахќе е заинтересиран и за поранешниот играч на Локомотив Кубањ, Малком Дилејни.

Scroll to Top