Top Sport

Работнички се засили со репрезентативец на Уганда

Работнички се засили со уште еден фудбалер за новата сезона во Првата фудбалска лига. Две годишен договор со Работнички потпиша фудбалерот од Уганда, Шафик Кагиму.

24.годишниот Кагиму е центрачен играч за врска, а во Работнички дојде од шампионот на Кенија, Гор Махиа Наироби. Тој треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред на Работнички.

Шафик Кагиму кариерата ја почна во УРА Кампала, клуб од Уганда, од каде се пресели во првенството на Кенија. Работнички ќе биде негов прв клуб на европско тло.

За репрезентацијата на Уганда има одиграно 18 натпревари.

Scroll to Top