Top Sport

Работнички спогодбено се раздели до тренерот Илиевски

Милан Илиевски веќе не е шеф на стручниот штаб на ФК Работнички. По вчерашниот пораз (3:0) од Шкупи клубот постигна спогодбен раскин на договорот.

Клубот му се заблагодарува на Милан Илиевски за досегашната напорна работа и му посакува среќа во понатамошната кариера.

ФК Работнички информира дека во наредните денови ќе биде донесена одлука кој ќе го предводи тимот во наредниот период.

По 12. рунди, Работнички се наоѓа на деветтото место на табелата со 13 поени, два повеќе од последнопласираниот Вардар. Под водство на Илиевски фудбалерите на Работнички забеелжаа само четири победи, еднаш одиграа нерешено и запишаа седум порази.

Работнички во следното 13. коло на домашен терен го пречекува Силекс.

Извор/ fkrabotnicki.com

Scroll to Top