Шкендија ќе биде значително ослабена во дуелите со молдавски Шериф, во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Двомечот со Шериф поради повреда ќе го пропушти напаѓачот Марјан Радески, објави македонскиот првак на својата интернет страница.
Колкава е сериозноста на повредата на десното коленото, клубот ќе соопшти во наредните денови, откако фудбалерот ќе биде прегледан на магнетна резонанца.
Радески се повреди, во вторникот, во финишот на натпреварот против ТНС во Велс, кој Шкендија го загуби со 0:4.
Шкендија ќе го пречека Шериф на 24.јули, а една недела подоцна ќе гостува кај овој противник во Молдавија.