Фудбалската репрезентација на Португалија, преку Македонија, успеа да избори пласман на Светското првенство во Катар. Финалниот меч во плеј-офот Португалците го добија со 2:0.
Вообичаено секоја репрезентација на големите натпреварувања носи нова гарнитура на дресови. Кога станува збор за Португалија тие се решија за радикални промени во дизајнот.
Дресот е во боите на португалското знаме, но е дијагонално „преполовен.“
Специјализираниот портал „Footy Headlines“, прв го објави дизајнот на новиот португалски дрес. Горната половина е во бордо, а во долната во темнозелена боја.
Португалија во Катар ќе игра против Гана, Уругвај и Јужна Кореја.
Le maillot du Portugal pour la Coupe du monde 2022 a fuité. ??
Vous aimez ? ?
? @Footy_Headlines pic.twitter.com/I4Qxw3G8wn
— Actu Foot (@ActuFoot_) June 19, 2022