Top Sport

Реал бара замена за Зидан?

Иако не се одиграни ниту една третина од натпреварите во шпанското фудбалско првенство Реал речиси се прости од одбраната на шампионската титула, бидејќи по 12 натпревари веќе има 10 бода помалку од Барселона.

Покрај лошите резултати фановите на тимот повеќе ги загрижува играта која на теренот ја прикажуваат фудбалерите на актуелниот шпански и европски првак.

Шпанските медиуми тврдат дека доколку продолжи со неубедливите партии прв кој ќе замине е тренерот Зинедин Зидан, иако во изминатите две сезони тој два пати ја освои Лигата на шампионите.

Наводно и Кристијано Роналдо имал несогласувања со тренерот поради тоа што лесно дозволил во летниот преоден рок екипата да остане без Хамес Родригез, Алваро Мората и Пепе.

Според медиумите прв избор на претседателот на клубот Флорентино Перез е актуелниот германски селектор Флорентино Перез, меѓутоа тој е недостапен до завршувањето на Светското првенство во Русија, каде со Германија ќе ја брани титулата.

Преодно решение би можел да биде некој од помошниците на Зидан Давид Бетони или Хамиду Мсаидие, а како некој кој би го „гаснел пожарот“ се споменува и поранешниот тренер Карло Анчелоти, кој остана без работа пред еден месец.

Scroll to Top