Top Sport

Рафа Бенитез станува нов тренер на Селта Виго

Рафаел Бенитез е пред потпишување на тригодишен договор со Селта Виго за да стане нивни нов тренер, одбивајќи ги понудите од Саудиска Арабија, тврди „Атлетик“.

63-годишниот Шпанец е подготвен да се врати на работа откако доби отказ од Евертон во јануари 2022 година и чекал на понуда од клуб во топ 5 европските лиги. Тој лани беше поврзуван со Вест хем и Летер, но сега се враќа во својата татковина. Селта, кои минатата сезона ја завршија на 13. место во Ла лига, останаа без тренер по заминувњето на Карлос Карваљал.

Бенитез помина шест години на клупата на Ливерпул од 2004 до 2010, освојувајќи ја Лигата на шампионите во 2005, а работеше и во Њукасл и Евертон во Премиерлигата, во Реал Мадрид и Валенсија во Шпанија и во Наполи и Интер во Серија А.

Scroll to Top