Top Sport

ФИА со истрага за можна злоупотреба на ограничениот буџет во Формула 1

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) објавила нова техничка директива „ТД45“ за контрола на влијанието на надворешните интереси, откако истрагата покажала дека четири тима ги прекршуваат правилата за ограничен буџет во спортот.

Според „Ла газета дело спорт“, ФИА побарала од Ред бул, Ферари, Мерцедес и Астон Мартин да дадат дополнителни објаснувања за нивните „сателитски“ операции околу ограниченииот буџет. Ова наводно доаѓа поради категоријата „надворешни операции“, покривајќи го дизајнирањето на бродови, мотоцикли или улични автомобили, која не се вклучува во ограничениот буџет и која тимовите ја користеле така што ангажираните на овие проекти работеле и на дизајнот на Ф1 болидите.

Шефот на францускиот тим Алпин, Отмар Сафнауер веќе неколку пати ја предупреди ФИА дека ривалите ги злоупотребуваат овие проекти за да ги подобруваат своите болиди.

Мерцедес и Ред бул, на пример, се вклучени во едриличарскиот Американски куп, каде што поранешниот технички директор на Мерцедес, Џејмс Елисон помина две години, додека Ред бул подолго време дизајнираат велосипеди. Ферари па, имаат ГТ-дивизија со која оваа година победија на 24 Часа Ле Ман.

Scroll to Top