Top Sport

Рафа Бенитез заминува од Њукасл

Рафаел Бенитез ќе си замине од Њукасл по крајот на договорот на 30 јуни, потврди англискиот премиерлигаш. Шпанецот пристигна на „Сент Џејмс парк“ во март 2016 година и лани ги донесе „свраките“ до 13. место во Премиер лигата.

„Со разочарување објавуваме дека менаџерот Рафаел Бенитез ќе замине од Њукасл јунајтед по крајот на договорот. Работевме на обновувањето на договорот подолго време, но не беше можно да се стигне до договор со Рафа и неговите претставници. Неговиот помошен тим, Пако де Мигуел Морено, Антонио Гомез Перез и Микел Антија исто така заминуваат. Му благодариме за соработката последните три години, а процесот за наоѓање замена почнува денеска“, се вели во соопштението на клубот.

Scroll to Top