Top Sport

Рафа Маркез како Матеус и Буфон

Селекторот на Мексико, Хуан Карлос Осорио, на поширокиот список за светското првенство го повика и поранешниот фудбалер на Барселона, Рафаел Маркез.

Одлуката на Осорио, во националниот тим да го повика фудбалерот кој наскоро ќе наполи 40 години и кој сезонава не играше премногу во екипата на Атлас, предизвика полемики во мексиканската јавност.

Иако, конечниот список Осорио треба да го предаде до 4.јуни, Маркез е некако сигурен дека ќе биде во репрезентацијата, бидејќи крајот на кариерата го најави по завршувањето на Мундијалот во Русија.

Маркез, последен пат за репрезентацијата настапи на Купот на конфедерации, минатата година во Русија. Набргу по Купот на конфедерации беше објавено дека тој се наоѓа под истрага во САД, под сомение дека е поврзан со продажба на наркотици и перење на пари.

Доколку биде меѓу 23.фудбалери што ќе го преставуваат Мексико на СП, то за него ќе биде петто учестово на завршните смотри на светскиот фудбал, што претходно им успеалео само на неговиот сонародник Антонио Карбахал, односно на европските легенди Лотар Матеус и Џанлуиџи Буфон.

Мексико на СП во Русија ќе игра против Германија, Шведска и Јужна Кореја.

Scroll to Top