Top Sport

Тежок удар за Перу, капитенот нема да игра на СП во Русија

Капитенот на фудбалската репрезентација на Перу, Паоло Гереро, сепак ќе го пропушти Светското првенство во Русија, откако Меѓународниот суд за арбитража во спортот (ЦАС), му ја зголеми суспензијата од шест на 14 месеци, поради позитивниот допинг тест.

Гереро, падна на допинг тестот по натпреварот со Аргентина, во мундијалските квалификации. Натпреварот се одигра на 6.октомври минатата година. Капитенот на Перу бил позитивен на кокаин, поради што му беше изречена едногодишна суспензија.

Тој ја обжали оваа одлука, па ФИФА реши да му ја преполови казната. Незадоволен и од оваа одлука, Гереро се жалел и до ЦАС, барајќи суспензијата целосно да му биде укината. Во исто време, Светската анти-допинг агенција (ВАДА) побара ригорозна казна за Перуанецот.

На почетокот на овој месец, Гереро во Лозана, бил сослушан од истражителите, а одлуката што вчера била донесена ги шокира сите во Перу.

Гереро доби 14-месечна суспензија, што значи дека нема да игра на Мундијалот. Гереро за Перу постигнал 32 гола на 86 натпревари.

СП во Русија е прво за Перу по пауза од 36 години. Перуанците за противници во групата ги добија Франција, Данска и Австралија.

Scroll to Top