Top Sport

Рафа Мир со хет-трик им пресуди на Ваљдолид

Уеска забележа победа во Ваљадолид 3:0, во првиот меч од 21.коло во Ла Лига. За екипата од Баскија ова беше втора победа во тековната кампања. Двата тима до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок во лигата.

Апсолутен херој на Уеска е Рафа Мир, кој го одигра мечот на кариерата. Мир постигна хет-трик, мрежата на Ваљадолид ја тресеше во 37., 50., и 57.минута.

Уеска и покрај победата остана на последното место, но сега има 16 поени, само три помалку од безбедната зона. Ваљадолид се на 16.место со 20 поени. Тимот на славниот Бразилец Роналдо, на последните четири натпревари освои само два бода.

Scroll to Top