Top Sport

Хансен: Египет беше кошмар

Данска, синоќа, ја победи Шпанија со 35:33 и избори пласман во финалето на Светското првенство. Данците ги предводеше Микел Хансен со 12 голови.

Еден од најдобрите играчи во светот, по драматичниот триумф над „црвената фурија“, се присети на трилерот против Египет во четврт-финалето. Данците тој меч го добија дури по изведувањето на пенали.

Против Египет, Хансен, можеше да биде трагичар. По неговата грешка Египет доби седмерец по кој избори ново продолжение.

„Тоа против Египет не може да се опише. За мене тој меч е кошмар. На крајот имавме среќа. За разлика од тој меч, дуелот со Шпанија претставуваше вистинско задоволство“, рекол Хансен, а потоа проговорил и за утрешното финале против Шведска.

„Мораме да се одмориме. Го гледав првото полувреме на Шведска против Франција. Гледав и некои други мечеви кои ги одиграа на турнирот. Играат 6-0 во одбраната, играат на контри, дисциплинирани се во нападот. Можам само да кажам дека се добри“.

Финалето Данска-Шведска ќе започне во 17.30 часот.

Scroll to Top