Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рафаел да Силва имаше смешна реакција на необичната изјава на Алексис Санчез дека сакал да се врати во Арсенал по првиот тренинг на „Олд Трафорд“.
31-годишниот Чилеанец, кој конечно направи постојан трансфер во Интер, тврдеше дека сакал да избега од „ѓаволите“ по само еден тренинг. Рафаел, кој помина седум години во Јунајтед, преку одговор на приказната го тролаше Чилеанецот.
„Можеби видел дух се исплашил. Тоа објаснува зошто играше толку лошо секој меч“, коментираше Рафаел, кој од 2015 година игра во Лион.