Top Sport

Рафаел Леао доби црвен картон, но Жиру донесе победа за Милан

Италијанскиот првак Милан речиси цело полувреме играше со фудбалер помалку, но успеа да слави на гости против Сампдорија со 1:2. Рафаел Леао доби црвен картон на почетокот на второто полувреме, кога веќе имаше предност со голот на Жуниор Месијас во шестата минута.

Сампдорија го искористи исклучувањето на Леао и израмни преку Филип Ѓуричиќ во 57.минута, но Оливие Жиру не дозволи Милан да испушти бодови на ова гостување. Десет минути подоцна реализираше пенал за триумф на „росонерите“.

Scroll to Top