Top Sport

Рафаел Леао катастрофата на Милан ја „прослави“ со пијачка и наргиле

По историскиот пораз од 5:0 на Милан од локалниот ривал Аталанта, навивачите на „росонерите“ секако „паднаа во очај“, но е и новото засилување на клубот, Рафаел Леао, кој реши да ја „прослави“ вечерта со бурна забава.

20-годишниот Португалец, кој дојде на „Сан Сиро“ од Лил, на забавата во еден ноќен клуб во Милано го понел и својот пријател, кој за негова несреќа атмосферата решил да ја сподели на Инстаграм – таму фудбалерот се гледа како пуши наргиле и ужива во чаша шампањско.

Секако, италијанските медиуми „збеснаа“ откако ова видео се појави на социјалните мрежи, а дел од навивачите на Милан бараат казна за младиот фудбалер. Инаку, поразот од 5:0 од Аталанта е највисок пораз на „росонерите“ од 1998 година (кога загубија од Рома со 5:0).

Scroll to Top