Top Sport

Грузија поведе, Македонија со голот на Ристовски израмни на 1-1 до полувремето

Македонската фудбалска репрезентација го одигра првото полувреме од второто коло во Лигата на нации на УЕФА. Во Тбилиси, „лавовите“ имаат 1-1 против домашната селекција на Грузија, по првите 45 минути.

Домаќините го отворија резултатот од пенал во 13 минута, откако Алиоски неправилно стартуваше врз Кваратшкелија во казнениот простор. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Окријашвили за 1-0.

Егал на мечот по првиот дел (1-1) е благодарение на погодокот на дефанзивецот Стефан Ристовски. Тој патот до мрежата на голманот Лориа го пронајде во 33 минута откако прекрасно беше проигран од капитенот Горан Пандев.

Scroll to Top