Ла Лига продолжува да ги наградува Каталонците. На ред, сосема заслужено дојде Бразилецот Рафиња.
Еден ден откако Ханси Флик беше прогласен за најдобар тренер на годината, а Ламин Јамал за најдобар играч под 23 години, Рафиња ја доби титулата најдобар играч во Ла Лига за сезоната 2024/25.
28-годишното лево крило победи во голема битка против девет други кандидати. Меѓу нив беа и тројца негови соиграчи: Ламин Јамал, Роберт Левандовски и Педри Гонзалез.
Меѓу кандидатите беа и тројца фудбалери од Реал Мадрид, Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Џуд Белингам. Исто така и Иско (Бетис) и Оихан Сансет (Атлетико Билбао).
Рафиња беше награден по незаборавната сезона со Барса во Ла Лига, во која постигна 18 гола и додаде 11 асистенции.