Најдобриот играч на Лидс од почетокот на сезоната, Бразиелецот Рафиња, ја одбил понудата да го носи дресот на италијанската репрезентација.
Рафиња, добил повик, пред септемвриските квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство. Откако го одбил повикот од Италија, му се јавил бразилскиот селектор Тите.
Рафиња беше повикан за тие натпревари, меѓутоа не отпатува во Бразил, поради епидемиолошките мерки кои ги применуваат Британците. При враќањето во Британија ќе требаше да биде во десет дневен карантин.
Тите за натпреварите во октомври повторно го повика Рафиња. Тој ќе има можност да дебитира за Бразил на натпреварите против Венецуела, Колумбија и Уругвај.
За разлика од Рафиња кој ја одби Италија, пред неколку години за азурите прифатија да играат Жоржињо и Емерсон. Двајцата со Италија станаа европски шампиони.