Дефанзивецот на Баерн Минхен, Рафиња најави разделба со баварскиот клуб. Иако рече дека има убави спомени во Минхен, сепак смета дека сега е вистинското време за разделба со навивачите на „Алијанц арена“. Одбранбениот фудбалер најави дека тимот го напушта летово, кога му истекува договорот.
„Ми беше задоволство да поминам тука осум години. Имав одлични моменти во Баерн. Но, како во многу области, така и тука доаѓа време за крај“ – изјави Рафиња.
Бразилскиот фудбалер е во Баерн од 2011 година. Со Баварците беше шампион на Германија цели шестпати, трипати го освои Купот на Германија, трипати триумфираше и во Супер купот.
Рафиња може да се пофали и со еден трофеј во Лигата на шампионите, во Супер купот на УЕФА и во Светскиот клупски шампионат.