Top Sport

Рафиња пред трансфер во Лацио

Помладиот брат на фудбалерот на Баерн Минхен Тиаго Алкантара, Рафиња, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Лацио. Клубот од Рим ги започнал преговорите со Барселона откако му пропадна трансферот на Давид Силва.

Рафиња Алкантара минатата сезона како позајмен играч ја мина во Селта. По завршувањето на сезоната тој се врати во Барселона но само додека не си најде клуб.

Според медиумите Барселона за рафиња бара 12 милиони евра, дупло помалку од сумата што ја бараше минатото лето.

Рафиња веќе ги договорил условите со тимот што ќе настапува во Лигата на шампионите. Наскоро се очекува и клубовите да постигнат договор.

Рафиња има искуство од Серија А, пред неколку сезони тој остави одличен впечаток во дресот на Интер.

Scroll to Top