Top Sport

Рафиња се извини за „бесните моменти“ кога беше заменет

Барселона и Манчестер Јунајтед синоќа одиграа фантастичен натпревар на „Камп Ноу“ кој заврши 2:2. Но, мечот го одбележа еден детаљ од финишот кога Чави Ернандез го повлече од игра Рафиња, а тој целосно ги загуби нервите.

И навивачите од трибините почнаа да свиркаат бидејќи не им беше јасно зошто Чави го вади најдобриот играч од игра, а не му беше јасно ниту на Рафиња. Бразилецот беше видно лут и разочаран што мораше да оди надвор од теренот и тоа јасно го покажа.

Тој луто го напушти теренот и не му подаде рака на Феран Торес, а потоа со рака почна да удира по седиштето пред него. Тогаш Жорди Алба се обиде да го смири, а истото се обидоа да го направат и другите соиграчи.

Но, камерите покажаа дека Рафиња неколкупати му префрла нешто на Чави.

Сепак, Рафиња брзо сфати дека згрешил и им се извини на тренерот и на неговите соиграчи за ваквата недолична реакција.

„Би сакал уште еднаш да им се извинам на сите, особено на тренерот за моето однесување при напуштањето на играта. Му се извинувам и на Феран Торес, на целиот тим и на навивачите. Понекогаш толку многу гориш од желбата да му помогнеш на тимот да се подобри и тоа не можеш да контролираш некои од своите постапки. Жал ми е. Веќе разговарав со Чави“, изјави Рафиња.

Scroll to Top