Левиот бек на Баерн Минхен Рафиња по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот. 33-годишниот фудбалер преговара со Фламенго.
Рафиња во Европа пристигна во 2005 година од Коритиба, пет сезони настапуваше за шалке, а актуелната сезона му е осма во дресот на Баерн.
Рафиња има одиграно 260 натпревари за Баерн, на кои постигнал шест гола.
Рафиња ќе биде петтото засилување за Фламенго. Претходно клубот ги договрил Родриго Кајо, Араскаета, Бруно Енрике и Габигол.