Top Sport

Рафиња веќе не ја чека Барса, добива понуда од Арсенал

Арсенал, неочекувано, станаа фаворити за потписот на крилото на Лидс јунајтед, Рафиња, иако се веруваше дека Бразилецот ќе замине во Барселона или ќе премине во ривалот на „топчиите“, Тотехем, јавува „Тајмс“.

25-годишниот Рафиња постигна 11 гола во 35 меча во Премиерлигата со Лидс, како еден од најдобрите поединци во разочарувачки слабиот Лидс. Тие се подготвени да го продадат фудбалерот, но бараат 50 милиони фунти за неговиот трансфер. Претходно имаше вести дека Рафиња ги договорил личните услови со Барселона, но дека каталонскиот клуб не го реализира трансферот поради финансиските проблеми и неизвесноста околу продажбата на Френки де Јонг.

Според „Гол“, пак, Арсенал веќе имале одбиена понуда од 30 милиони фунти со дополнителни бонуси. „Топчиите“ се активни во летниот преоден рок и се очекува на „Емирати“ да стигне уште еден Бразилец, Габриел Жесус.

Scroll to Top