Top Sport

Роналдињо на 40 години ги фрли во сенка Погба, Дибала, Вини…

Роналдињо уште еднаш покажа дека можеби е најталентираниот фудбалер во историјата, откако на 40 години беше прва ѕвезда на егзибицискиот меч во Мајами, каде што неговиот селектиран тим играше против тој на Роберто Карлос.

Во тимот на Роналдињо играше и Пол Погба, како и неговите поранешни соиграчи од Јувентус, Пауло Дибала и Блез Матиуди, како и ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор. Во тимот на Карлос, пак, играа Радамел Фалкао, Ривалдо и Кафу, и тие стигнаа до 12:10 победа.

Сепак, снимките од егзибицијата го покжуваат Роналдињо во фантастична форма и покрај долгите години надвор од фудбалот. Во една од снимките тој додава без да гледа, а во друга тој постигнува одличен гол, кој наидува на одобрување на публиката.

Scroll to Top