Top Sport

Одбрани седум седмерци и го однесе Скјерн во Топ 16 (Видео)

Тибор Иванишевиќ, голман на данскиот ракометен клуб Скјерн, имаше неверојатно издание на натпреварот против Мотор Запорожје во Лигата на шампионите.

Скјерн го победи Мотор 33:26 и по пауза од 14 години избори осмина-финале во Лигата на шампионите, а таму прптивник ќе му биде унгарскиот шампион Веспрем.

Српскиот репрезентативец беше најзаслужен за големиот успех што го постигна Скјерн, тој мечот го заврши 17 одбрани, а неверојатно делува податокот дека Иванишевиќ успеа да одбрани седум седмерци.

Scroll to Top