Контроверзниот фудбалски менаџер – Мино Раиола и потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед синоќа се снимени на вечера во ресторан во центарот на Торино. Италијанска „Gazzetta dello Sport“ веднаш излесе со вест кој се „бил на менито“.
Клиенти на Раиола се Халанд, Ибрахимовиќ, Донарума, Погба, но и тројца млади играчи на „Старата дама“ – Де Лихт, Пелегрини и Кин.
Првиот од овие тројца е еден од најдобрите млади дефанзивци во светот, но се чини дека Јуве ќе го продаде ако на крајот на сезоната не обезбеди пласман во ЛШ. Во таков случај, Холанѓанецот би бил еден од најбараните играчи на пазарот.
Истиот извор потсетува дека на Јуве не му цветаат рози во Серија А, па во јануарскиот преоден рок се можни засилувања.
Притоа метата се вика Пол Погба, кој веќе беше во Торино, пред да заигра на „Олд Трафорд“. За Јувентус е интересен и Рикардо Калафиори, левакот од Рома. И двајцата се клиенти на Раиола.