Рајан Гигс е на обвинителна клупа. Легендата на Манчестер Јунајтед и на Велс е обвинет за насилно однесување и напад на неговата партнерка Кејт Гревил и нејзината сестра Ема.
Сведоците имаа можност да слушнат видео изјава од неговата сега веќе поранешна девојка Кејт Гревил во која таа откри како дознала дека Гигс ја изневерувал и имал афери со уште осум девојки додека биле во врска. Откриени се и приватни пораки на поранешниот фудбалер во кои тој му пишува на пријател „само сакам да се отворат баровите за да најдам пи*ка“.
Изјавата беше дел од испрашувањето на детективите по нападот на Гигс, кога Велшанецот со глава ја удрил девојката. Поранешната негова девојка раскажала и како Гигс во неколку наврати ја избркал гола од хотелската соба доколку го прашувала за другите афери и девојки.