Српскиот тренер, Милан Рајевац, повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Гана. Рајевац доби отказ по дебаклот, што го доживеа со репрезентацијата на Африканскиот куп.
Гана, на Купот на Африка во Камерун, пристигна како фаворит за висок пласман, а од турнирот си замина по завршувањето на првиот круг, со само еден освоен бод.
„Црните ѕвезди“, бодот го освоија против Габон (1:1), а останаа без бодови против Мароко (0:1) и Коморските острови (2:3).
Рајевац пред неполни четири месеци се врати на кормилото на Гана, но не успеа да ги повторни резултатите од првиот мандат. Гана со Рајевац на селекторската позиција, во 2010 година играше во четврт-финалето на Светското првенство.