Top Sport

Рајо не успеа да направи чудо, Бетис против Валенсија за Купот на кралот

Иако играа храбро и имаа водство до последните минути од играта, Рајо Валјекано, без нашиот Столе Димитриевски на голот, не успеаја да влезат во финалето на Копа дел реј, откако одиграа 1:1 на гостувањето кај Реал Бетис.

Во првиот меч, дома, Рајо загубија со 1:2. Бетис ќе играат со Валенсија во големото финале на Кралскиот куп, откако тие вчера го елиминираа тимот на Атлетик Билбао.

Со Лука Зидан на голот на местото на Димитриевски, Рајо дојдоа во водство во 80. минута од мечот со голот на Бебе, но во 92. минута, „џокерот“ од клупата Борха Иглесијас обезбеди реми за клубот од Севилја и големо финале.

Scroll to Top