Top Sport

Рајо Валјекано купува голман од Лацио и го продава Столе Димитриевски?

Шпанскиот прволигаш Рајо Валјекано тргна во офанзива за голманот на Лацио, Луис Максимилијано, а доколку трансферот се реализира, најверојатно ќе реши да го продаде македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски.

Се очекуваше ова лето Рајо Валјекано да му понуди нов договор на Димитриевски, но шпанските медиуми најавуваат неочекуван пресврт.

Според „Гол Дигитал“, Рајо Валјекано понудил 8,5 милиони евра на Лацио за Луис Максимилијано.

Столе Димитриевски во последните две години се поврзуваше со можни трансфери во шпанските гиганти Барселона и Реал Мадрид, но тие не се реализираа.

Scroll to Top