Top Sport

Рајо Ваљекано освои бод на „Местаља“

Рајо Ваљекано ремизираше 1:1, на „Местаља“ против Валенсија. Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски блескаше на голот на Рајо. Во второто полувреме успеа да ги одбрани ударите на Солер и Фолкие.

Валенсија до предност дојде во 19.минута со гол од пенал. Димитиревски немаше шанси против Солер.

Рајо израмни во 64.минута преку Изи Паизон.

Димитриевски потоа ги одбрани ударите на Солер и Фолкие, а во 88.минута ВАР ја спаси Валенсија од пораз. Марин постигна гол, кој беше поништен поради милиметарски офсајд.

Рајо имаа шанса и во 94.минута меѓутоа ударот на Беб успеа да го блокира Дијакаби.

Scroll to Top