Top Sport

Рајо Валјекано сака да го купи Енис Барди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е на излезна врата од Трабзонспор, а се зголемува бројот на клубови кои се заинтересирани за негов ангажман. По италијанскиот калчолигаш Торино и францускиот клуб Ница, сѐ поголем е интересот на клубовите од Ла Лига.

Рајо Валјекано, тимот на Столе Димитриевски, ја истакнува желбата да го купи Енис Барди. Така фудбалерот за врска би се вратил во Шпанија, а би имал и македонско друштво во клубот.

Барди минатото лето од Леванте, кој испадна од шпанската елита, се пресели во Турција и го облече дресот на Трабзонспор. Но, само по шест месеци, клубот смета дека тој е преголем товар за буџетот и бара опција за негова продажба.

Scroll to Top