Top Sport

Рајола демантира дека пред Барселона поставил невозможни услови за трансферот на Халанд

Менаџерот на Ерлинг Халанд, ги демантира шпанските медиуми, дека од Барселона побарал нереална сума за потписот на неговиот клиент.

Рајола, заедно со таткото на фудбалерот, Алф-Инге Халанд, во четвртокот имале состанок со претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, а потоа се сретнале и со претставници на Реал Мадрид.

Медиумите во Шпанија објавија дека Рајола парал по 20 милиони евра провизија за себе и за таткото на Халанд и годишна плата од 30 милиони евра за Ерлинг Халанд. Услов бил и Борусија да прифати 150 милиони евра како обесштетување и Барселона да успее да го наговори Лионел Меси и во наредните сезони да остане во клубот.

Во понеделникот, Рајола, ги демантирал овие пишувања.

„Лажните вести бргу се шират и патуваат далеку“, напишал менаџерот на социјалните мрежи.

Scroll to Top