Top Sport

Рајола: Донарума може засекогаш да остане во Милан!

Откако ги полнеше страниците на италијанските весници со закани до Милан, менаџерот Мино Рајола сега вели дека Џиџио Донарума може да остане во Милан цела кариера!

Италијанскиот агент почна „трансфер војна“ со Милан минатото лето, барајќи Донарума да не го потпише продолжувањето на договорот, за по неколку недели да издејствува нов договор со кој неговиот клиент заработува 6 милиони евра годишно.

Во септември, тој прати писмо до Милан тврдејќи дека Донарума бил „приморан“ да потпише нов договор инсистирајќи дека 19-годишниот талент ќе си замине од „Сан Сиро“. Сега, „песната“ е поинаква.

„Мора да ги почитуваме фановите, посебно умните. Донарума може да остане во клубот засекогаш, и тоа јас секогаш сум го посакувал. Би било полесно Милан да се збогува со кинеските сопственици отколку со Донарума“, изјави Рајола за „Скај спорт Италија“.

Донарума не издржа, се расплака по навивачките навреди (Видео)

Рајола пак ги нервира Милан – Донарума треба да замине

Scroll to Top