„Мега-менаџерот“ Мино Рајола вели дека Џанлуиџи Донарума згрешил што го продолжил договорот со Милан во 2017 година и додава дека Златан Ибрахимовиќ на крајот на сезоната ќе види дали ќе остане кај „росонерите“.
Рајола зборуваше по 1:1 ремито на Милан со Јувентус во Копа Италија, каде што беше запрашан за своите клиенти Донарума, Ибрахимовиќ и Џакомо Бонавентура. Најважно, околу Ибра, тој вели дека Швеѓанецот сам ќе одлучи за својата иднина.
„Во Милан постои некој полу-проект, и тој на крајот на годината ќе реши што ќе прави. Што ќе му советувам? Ако се забавува нека остане, ако не, нека бега подалеку. Засега, изгледа дека се забавува и помага. Тој им даде поинаков менталитет. Околу Донарума, тој не требаше да го продолжи договорот тогаш, но го следеше срцето. Тој е среќен, но ќе видиме што ќе се случи“, вели Рајола.