Пеп Гвардиола, еден од најценетите фудбалски тренери, не е омилен во дел од фудбалската јавност, а познатиот менаџер Мино Рајола не крие дека „не може да го поднесе“ менаџерот на Манчестер Сити.
Рајола е менаџер на многу фудбалски ѕвезди, меѓу другите на Балотели, Ибрахимовиќ, Донарума, Погба…
„Пеп е куче, кукавица, она што му го направи на Златан покажува дека како човек е нула. Нема да кажам дека е лош тренер, бидејќи не е тоа, но како човек е одвратен“, рекол Рајола.
„На Ибра му рекол да му се обрати секогаш кога нешто му треба, а потоа го избриша од тимот. Не се збогува со него, ниту пак со Максвел, кој исто така е добро момче“.
Контроверзниот менаџер признал дека сакал да го испепа Гвардиола по победата на Барселона над Манчестер јунајтед во финалето во Лигата на шампионите.
„Го барав низ ходниците на Вембли, имаше среќа што Галијани, кој беше делегатот на УЕФА, ме спречи да му одржам лекција“, истакнал Рајола.
Менаџерот на Ибрахимовиќ заклучил дека Златан на клупата на Барселона, на местото на Гвардиола, требало да го паркира своето Ферари.