Top Sport

Рајола: Мурињо и Погба се смирија, сега нема проблеми

Пол Погба ги „среди“ своите односи со менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, вели неговиот контроверзен агент Мино Рајола.

Ова лето постојани беа шпекулациите дека Погба бара трансфер надвор од Јунајтед за да избега од Мурињо по многубројните конфликти, а оваа сезона тренерот му ја одзеде вицекапитенската улога на Французинот поради неговите јавни критики на играта на клубот.

Погба исто така тврдеше дека клубот му забранува да ги искаже вистинските мисли за формата на клубот, а гостувањето на Јунајтед кај Јувентус ги зголеми шпекулациите дека тој сака да се врати во италијанскиот шампион. Но, Рајола вели дека Мурињо и Погба повторно се пријатели.

„Тој ги реши своите односи со Жозе Мурињо и сега е многу посмирен. Се чувствува многу ценет во Манчестер јунајтед, иако Торино и Јувентус секогаш ќе останат во неговото срце“, вели Рајола за „РАИ спорт“.

Scroll to Top