Top Sport

Парма со импресивна победа кај Торино (видео)

Парма со фантастичен кам-бек успеа да стигне до одлична 2:1 победа на гостувањето кај Торино за да ја прекине лошата низа од четири меча без победа.

Домаќините влегоа во мечот во одлична форма со шест меча без пораз и со шокантна 4:1 победа на гости кај Сампдорија, но Парма „удри“ бргу, откако Жервињо уште во деветтата минута го постигна својот четврти гол оваа сезона откако се „прошета“ низ одбраната на Граната и го совлада Салваторе Сиригу.

Парма го удвои водството со одлична акција, откако Гаљоло одлично го најде Инглезе за 0:2 по само 25 минути игра, а Биабани моменти подоцна имаше шанса да зголем на 0:3. „Биковите“ се вратија откако Даниеле Базели во 37. минута упати одличен удар од работ на шестнаесетникот.

Со победата, Парма се искачи на деветтото место на табелата со 17 поени, идентично како и осмопласираниот Торино, но со послаба гол-разлика.

Фото: ЕПА

Scroll to Top